Во Апелацискиот суд се разгледуваат жалбите на СЈО за неизрекување на побараните мерки за случаите „Тотал“ и „Тифани“ денеска треба да се појават уредниците Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска.
Во второстепениот суд за денеска се закажани повеќе седници на кои исто така ќе се разгледуваат жалбите на побараните мерки од судот за обвинети во случаи кои ги истражуваше СЈО, а ќе се разгледуваат и жалбите од одбраната.
Ќе се разгледуваат и жалбите за случајот „Триста“, кој се однесува за набавка на 300 полициски возила, за овој случај во судот треба да се појави помошник-министерот на МВР, Ѓоко Поповски.
Во Апелација ќе се одржи и седница за предметот „Тарифа“ во кој се обвинети три лица за злоупотреба на службена положба и овластување.







