Фудбалерите на Лајпциг ја победија на свој терен екипата на Шалке со 2:1, во натпреварот од 13 коло од Бундес лигата и се вратија на првото место на табелата.
Лајпциг поведе во втората минута со голот на Тим Вернер од пенал.
Судијата досуди удар од белата точка и му даде жолт картон на голманот на Шалке, Ралф Ферман, за неговиот старт над Вернер.
Фудбалерите на Шалке реагираа поради ваквата одлука на судијата кој, иако на видее снимката се гледа дека никој не го допрел Вернер, не ја смени одлуката.
Шалке го изедначи резултатот во 31 минута со голот на Сеад Колашинац, кој во 47 минута го постави конечниот резултат со автогол, после изведениот слободен удар од Емил Форсберг.
Лајпциг заедно со Хофенхајм се двете досега непоразени екипи во првата лига на Германија.
Лајпциг има 10 победи во првенството, ова му беше осма една по друга, и е прв на табелата со 33 бодови, три повеќе од шампионот Баерн од Минхен.
Шалке го прекина низот од 12 средби без пораз во сите натпреварувања и го завзема осмото место на табелата со 17 бодови.










