Долгогодишниот лекар на американските гимнастичарки Лери Насар осуден е денеска на 175 години затвор поради сексуално злоставување на 160 млади гимнастичарки, вклучувајќи и освојувачки на олимписки златни медали.
„Штотуку ви потпишав смртна пресуда“, рекла судијката Роземари Аквилина, пренесе агенцијата Ројтерс.
Судијката истакнала дека Насар не заслужува кога било повеќе да шета надвор од затворот.
Насар веќе е осуден на 60 години затвор заради детска порнографија, пренесе АП.
Се очекува следната седмица Насар да биде осуден и по уште неколку обвиненија.







