Раководството на Милан стапило во контакт со челниците на Пари Сен Жермен, затоа што италијанскиот клуб сака Мауро Икарди следната сезона да игра на позајмица за „росонерите“, пренесуваат италијанските медиуми.
Икарди (30) минатата сезона ја мина на позајмица во Галатасарај, а за турскиот клуб на 26 натпревари постигна 23 гола.
Некогашниот аргентински репрезентативец сака да ја продолжи кариерата во Пари Сен Жермен, но првите луѓе на францускиот шампион планираат да го продадат Икарди или да го испратат на позајмица во друг клуб.
Икарди е член на Пари Сен Жермен од 2019 година, а претходно играше за Интер и Сампдорија.







