Европската народна партија и Социјалдемократите нема веќе да имаат мнозинство во Европскиот Парламент.
Партијата на француската крајна десница на Марин Ле Пен води со 23% , додека партијата на Макрон има 22% од гласовите. Партијата на унгарскиот претседател пак, Виктор Орбан, Фидес, води дури со 56% од гласовите.
Излезноста е најголема во последните 20 години, речиси 51%. Во Германија владеачките партии доживеаја пораз.
Партијата која до скоро ја водеше Ангела Меркел доби 28% од гласовите односно за 7% помалку од претходните избори. Втори се Зелените со 22% , за 11% повеќе отколку пред пет години.
Социјалдемократите освоија 15% што е дури за 11,9% помалку од процентот на изборите во 2014 и најмал процент од 1946 година, од кога е формирана партијата.







