Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА: Украина тргнува во легализација на медицинскиот канабис
СВЕТ

ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА: Украина тргнува во легализација на медицинскиот канабис

јули 31, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Украинската влада почна процес за легализирање на медицинскиот канабис, делумно поради траумите предизвикана од руската инвазија. Законот помина на прво читање во украинскиот парламент на 13 јули.

Законодавците сега се обидуваат да ги закрпат сите можни дупки во нацрт-законот пред второто читање оваа есен. Доколку биде усвоен, легислативата може да им овозможи на луѓето со различни медицински состојби легално да пристапат до третмани кои се темелат на канабис.

Украина првпат се обиде да го легализира медицинскиот канабис во 2019 година.

Иако претседателот Володимир Зеленски ја изрази својата поддршка за легализација на медицинската марихуана, законот не доби доволно гласови во парламентот. Една година подоцна, Украина одржа необврзувачки национален референдум. Едно од референдумските прашања беше: „Дали ја поддржувате легализацијата на канабисот за медицински цели – за намалување на болката кај критично болните пациенти?“. Речиси 65 отсто од испитаниците се изјасниле дека ја поддржуваат легализацијата, додека 29 отсто биле против.

Украина делумно ја легализираше употребата на синтетички хемикалии слични на канабис, како што се дронабинол и набилон, како и екстрактот од канабис набиксмол, за медицински цели минатиот април.Само неколку месеци подоцна, законот за легализација на канабисот беше вратен на ревизија, откако не доби доволно гласови во парламентот (184 пратеници гласаа за, 33 беа против и 61 воздржан).Рекреативната употреба на канабис сè уште е забранета.

Долга историја

Канабисот има долга историја во Украина. Советска Украина беше еден од најголемите светски производители на коноп, кој се користеше за масло, ткаенина и храна.

„Но, земјата со текот на времето, почна да го стигматизира канабисот и луѓето што го користат“, изјави за Форбс, Лана Браславскаја, ПР за веб-страницата за канабис (AskGrowers), со седиште во Киев.

„Пред војната, можевме да прогнозираме кога може да дојде до легализација прво на медицинскиот, а потоа и на рекреативниот канабис. Временската рамка варираше од пет до десет години, во зависност од промената на власта и подемот на новата генерација. Сега е доста тешко тоа да се предвиди бидејќи не е јасно кога ќе заврши оваа војна“, додаде Браславскаја.

Ситуацијата значително се промени откако во февруари минатата година Русија започна сеопфатна инвазија на Украина. Воените настани често оставаат трајни психолошки последици врз ветераните, но и врз цивилите по долга изложеност на стрес.

Минатата година, украинското Министерство за здравство објави дека, поради војната, 57 отсто од Украинците се изложени на ризик да развијат посттрауматско стресно растројство.

„Војната го прави проблемот со болката поблизок до сите делови од населението“, изјави за Политико, Тарас Ратушни, активист и ко-основач на невладина организација која долги години се бори за легализација на медицинскиот канабис во Украина.

Актуелниот предлог-закон за легализација на медицинската марихуана, поднесен од украинската влада во јуни 2022 година, доби широка поддршка од јавноста, од украинското Министерство за здравство, од Државниот совет за безбедност и одбрана, претседателот Зеленски и повеќе од 40 украински онколози.

Според проценката на украинското Министерство за здравство, канабисот може да го спречи страдањето и да го подобри третманот на повеќе од 50 состојби, вклучително и стресно растројство, невролошки заболувања и нарушувања на спиењето.

Лековите на база на канабис, исто така, играат клучна улога во палијативната нега, ублажувајќи ја болката кај пациентите со рак и ХИВ.

„Разбираме дека денес во Украина има повеќе од два милиони луѓе на кои очајно им се потребни лековити препарати од канабис. Разбираме дека такви луѓе ќе има уште повеќе по завршувањето на војната, а такви лекови од преку потребни им се на ранетите војници со стресно растројство“, рече Михаило Радутски, шеф на Комитетот за здравствена политика во украинскиот парламент.

Систем за лиценцирање

Со предложениот закон ќе се воспостави систем за лиценцирање за одгледување канабис и ќе им се овозможи на здравствените институции и претприемачите да купуваат, транспортираат, складираат и издаваат лекови на база на канабис.

Лекарите ќе можат да ја препишат нивната употреба.

Не се согласуваат сите со либерализацијата. Јулија Тимошенко, лидер на опозициската партија Баткившчина и поранешна премиерка на Украина, вели дека иако ја поддржува легализацијата на медицинскиот канабис, сегашниот предлог-закон ќе им биде од корист само на фармацевтските корпорации.

Олга Стефанишина, украинска пратеничка и една од поборниците за легализација на медицинскиот канабис во украинскиот парламент, не се согласува со Тимошенко, велејќи дека новиот закон предвидува либерализација, но и строга контрола и лиценцирање на работењето со медицински канабис.

„Легализацијата ќе извлече огромен пазар од сенка и значително ќе ги намали трошоците за лекување на оние пациенти кои сега мораат нелегално да бараат медицински канабис за да си ја олеснат болката“, изјави Стефанишина за „Политико“.

Меѓутоа, во својата сегашна форма, законот има две големи маани кои би можеле да спречат тоа да се случи.

Прво, иако законот дозволува одгледување на канабис, тој, исто така, наметнува забрана за увоз на сурови состојки до 2028 година, со што практично се одложува производството на медицински производи од канабис се додека украинскиот сопствен ланец на снабдување не „проработи“.

„Овој амандман значи дека Украина нема да може да произведува лекови од суровини увезени од странство. Тоа би можело да го оневозможи брзиот пристап до лековите затоа што се потребни неколку години за подготовка и одгледување“, рече Стефанишина.

Второ, предлог-законот ги остава канабисот и неговите деривати на листата на забранети супстанции, наместо да се префрлат на списокот на супстанции што можат да се користат за медицински цели под строга контрола од владата.

Ратушни смета дека овој превид ќе ја ограничи корисноста на законот.

„Ако супстанцијата остане забранета, како можеш да ја проучуваш или да произведеш лек?“, прашува Ратушни.

Пратениците сега се обидуваат да го изменат предлог-законот пред второто читање планирано за есен.

актуелно војна закон Канабис лек Марихуана Украина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.