Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
  • Мицкоски: Имам мандат уште 13 месеци
  • ЈП „Паркови и зеленило“: Не паркирајте под дрва, нѐ очекува силен ветер
  • Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Лидерите на ЕУ денеска и утре ќе одлучуваат дали Северна Македонија може да почне преговори
Политика

Лидерите на ЕУ денеска и утре ќе одлучуваат дали Северна Македонија може да почне преговори

октомври 17, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во Брисел попладнево започнува дводневниот самит на лидерите на Европската Унија, на кој една од точките на разговори ќе биде одлуката за почеток на преговори за
Северна Македонија и Албанија.

ЕУ не успева да постигне компромис по ова прашање веќе година и половина, пред сѐ поради противењето на Франција, која смета дека е неопходно прво да се реформира процесот на преговори со земјите кандидати пред да се даде зелено светло за други земји.

Додека огромното мнозинство членки на ЕУ сметаат дека во најмала рака треба да се даде зелено светло за Северна Македонија за да се одржи кредибилитетот на Унијата.

Шансите за Албанија се речиси непостоечки, што беше потврдено вчера меѓу редови од страна на францускиот претседател Емануел Макрон, кој го нагласи проблемот со огромниот број барања за азил од Албанија откако е укинат визниот режим за оваа земја.

Засега не е јасно дали проширувањето ќе биде на дневен ред денеска или утре, претседателот на Европскиот Совет треба да ја прецизира агендата на разговори утрово.

Одреден број земји членки се на став дека Франција ќе бара нешто за возврат за да попушти за Северна Македонија, еден од проблемите на Париз е договорот околу седумгодишната финансиска рамка на ЕУ и сопствените средства на Унијата, каде е во судир со Германија.

Париз бара и да се задржи задоволително ниво на средства за заедничката земјоделска политика за која бројни земји членки сметаат дека е застарена и треба да се реформира, или да се намалат финансиските средства кои и се наменети.

Франција исто така ќе бара од своите европски партнери такса врз горивото за авионите и бродовите.

Премиерот Зоран Заев вчера во последен обид да ги убеди европските лидери да го одржат ветувањето кон земјата го посети Брисел каде се сретна со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и претседателот на ЕП Давид Мариа Сасоли.

„По се што направивме убедени сме дека треба да добиеме одлука за почеток на пореговорите со ЕУ сега и веднаш. Подготвени се за тоа политички и институционално. Секое одложување ќе биде прочитано како негативна одлука и ќе има многу негативни ефекти, високо ниво на разочарување кај граѓаните и кај сите кои го поддржаа спроведувањето на Договорот од Преспа. Во јуни добивме порака дека Северна Македонија исполни се, но поради календарски услогласувања на земјите членски на
ЕУ добрата вест за старт на преговорите ќе ни простигне во октомври. Октомври дојде и ние сме во Брисел, ја очекуваме заслужената вест за одлука за преговори за нашата стратешка цел членство во ЕУ“, порача премиерто Зоран Заев на зедничката прес-конференција во Брисел со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Разбираме, посочи премиерот, дека некои членки имата потреба да отворат дебата за нова методологија за преговорите, но двата прецеса можат да одат паралелно.

„Тоа не пречи да добиеме одлука за преговори сега и веднаш. Ни треба позитивна одлука сега и веднаш. Тоа значи за нас нов процес упорна работа. По 10-те препораки на ЕУ, оптимистичките заклучоци на Советот на ЕУ во 2018 и 2019 и сите наши резулати и реформи, по се што направивмее убедени сме дека треба да почнеме со преговрите“, рече Заев.

Потсети дека спроеведувањето на Преспанскиот договор е поврзано со отворањрто на поглавјата за ЕУ.

„Сакам добронамерно да предупредам дека ако не се испорача очекувана заслужена позитивна одлука за преговори, кредибилитетот на ЕУ и довербата на нашите граѓани може да бидат ставени под прашање. Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, од своја страна, уште еднаш ги повика лидерите кои ќе се состанат утре во Брисел да покажат токму лидерство по ова прашање.

„Ги кажавте вашите очекувања од лидерите, да го ставиме фокусот на зборот лидер, очекуваме лидерство. Ако ги погледнете политичките достигнувања во последните две години, речиси ниедна земја во Европа не изодила толкав пат, со толку болни реформи и мерки“, изјави Хан.

Тој додаде дека граѓаните на земјата ја заслужуваат оваа перспектива за да може да се подобри стандардот на живеење и да се намали емиграцијата, посебно на младите.

Хан ја пофали и „атмосферата на соработка“ во Собранието и ја призна улогата одиграна од сите чинители на европскиот пат на Северна Македонија и потсети дека огромното мнозинство земји членки на ЕУ „не бара ништо друго освен да се даде зелено светло за да почнат да се подготвуваат преговорите“.

актуелно ЕУ лидери преговори северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.