Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
  • Мицкоски: Имам мандат уште 13 месеци
  • ЈП „Паркови и зеленило“: Не паркирајте под дрва, нѐ очекува силен ветер
  • Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Лидери од Западен Балкан едногласни дека Северна Македонија заслужува почетокот на преговори со ЕУ
Политика

Лидери од Западен Балкан едногласни дека Северна Македонија заслужува почетокот на преговори со ЕУ

септември 26, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Актуелни и поранешни лидери на земјите од Западен Балкан едногласни дека Северна Македонија го заслужува почетокот на преговори со ЕУ и дека секоја друга одлука ќе
биде многу негативна за регионот, соопшти владината прес-служба.

„На прашањето за иднината на Балканот, имам позитивен одговор: Балканот се движи во добра насока, а тоа е насоката што води кон ЕУ и НАТО. Балканот е составен дел на Европа и го менува имиџот на буре барут, на место каде се генерираат политички кризи“, рече, меѓу другото, премиерот Зоран Заев на дебатата на тема „Иднината на евроатлантските интеграции: Каде оди Западен Балкан“ во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ во Њујорк, како дел од настаните на маргините на годинашното 74-то Генерално собрание на Обединетите нации.

Јас тврдам дека балканските земји напредуваат и работат напорно за да бидат дел од семејството на ЕУ и да ги прифатат и негуваат европските демократски вредности како дел од сопствената политичка култура и демократска традиција, потенцираше премиерот Заев на дебатата, на која учествуваа повеќемина актуелни и поранешни политички лидери од регионот, како министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева, поранешните претседатели на Бугарија, Росен Плевнелиев и
Петар Стојанов, поранешните премиерка и претседател на Хрватска, Јадранка Косор и Иво Јосиповиќ, и поранешниот претседавач на Советот на министри на Босна и Херцеговина Златко Лагумџија, како и други познавачи на регионот.

Како аргументи за неговиот став за напредокот на Западен Балкан во евроатлантските интеграциски процеси премиерот Заев ги издвои добрите соседски односи и регионалната соработка како заеднички приоритет и стратешка цел на сите земји од регионот, како неопходност за да се остварат амбициите на сите одделно за интеграција во ЕУ и НАТО.

„Одлучивме дека е време да се обединиме околу фактот дека историјата е важен дел од нашите идентитети, но никогаш не може да го заземе местото на нашата иднина. Тоа беше движечка сила за Владата на Северна Македонија да ги реши билатералните спорови со Бугарија во 2017 година и со Грција во 2018 година, без оглед на критиката од опозицијата“, истакна премиерот Заев на дебатата на темата „Иднината на евроатлантските интеграции: Каде оди Западен Балкан“.

Како што соопшти прес-службата на Владата, премиерот Заев нагласи дека
Северна Македонија нема отворени проблеми со соседите и дека тоа ја
прави земјата единствена во регионот од таа перспектива.

Заев ги запозна присутните и со Договорот од Преспа, за кој е оценето дека е најдобриот пример за успех на дипломатијата и дијалогот кој стави крај на долготрајниот спор со Грција.

За време на дебатата тој рече дека перспективите на ЕУ и на НАТО се главни стимулации за Владата и народот на земјата, и дека тоа ја направи Владата целосно да се посвети на агендата за реформи и за остварување на стандардите за старт на
преговорите за полноправно членство во ЕУ.

„Испорачавме конкретни резултати во сите области, како што се бараше во заклучокот на Европскиот совет од јуни 2018 година и сега очекуваме позитивна одлука за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ во октомври 2019 година. Секое одлагање на една ваква одлука ќе има многу негативни ефекти, како за земјата, така и за регионот. Ако ЕУ не испорача, тогаш кредибилитетот на ЕУ и принципот на условеност ќе бидат ставени под знак прашалник“, потенцираше премиерот Заев на дебатата на тема „Иднината на евро-атлантските интеграции на Западен Балкан: Каде оди Западен Балкан“ во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ во Њујорк како дел од настаните на маргините на годинашното 74. Генерално собрание на ОН.

„Сите учесници на дебатата беа едногласни дека одлагањето на датумот за преговори за Северна Македонија ќе испрати многу негативна порака за целиот регион и дека таквата одлука сериозно ќе ја поткопа мотивацијата за земјите од балканскиот регион да продолжат да го одржуваат и зајакнуваат трендот на одржување на стабилноста, на зајакнување на демократијата и на услови за економски раст и просперитет“, соопшти
владината прес-служба.

актуелно Западен Балкан лидери преговори северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.