Кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард смета дека Леброн Џејмс од Лејкерс треба да го добие признанието за најдобар играч оваа сезона.
„Ако ја доделите наградата на Леброн или на Јанис, нема да погрешите. Но, моето мислење е дека оваа сезона признанието МВП треба да го допие Леброн“, изјави Лилард.
ЛА лејкерс е лидер во Западната конференција, а Леброн има доминантна сезона.
17-та година во НБА? Тој води во лигата по број на асистенции асистенции, додаде Лилард.
Лејкерс до прекинот на сезоната во март, има биланс од 49 победи и 14 порази и е прв во поредокот на Запад.