Акциите на Лондонската берза достигнаа рекорд на денешното затварање на берзата, благодарение на скокот на акциите на енергетските и рударските компании, но и на генералниот оптимизам пред Нова година.
Лондонскиот индекс ФТСЕ 100 скокна на 7.106,08 поени, со што го надмина рекордот од 27 април кога беше на ниво од 7.103,98 поени.