Во Лондон и на југоистокот на Англија и понатаму владее недостаток на бензин и дизел, соопштија од Здружението за малопродажба на горива.
Во соопштението се наведува дека во другите делови на Британија, вклучувајќи ги Шкотска и северна и централна Англија, кризата била „практично пред крај“.
Претседателот на здружението, Брајан Мадерсон, истакна дека бензинот сеуште не стасал на пумпите во Лондон и на југоистокот на Англија.
Во Британија од утре возачи на цистерни од војската ќе доставуваат гориво на пумпите за да помогнат во стабилизацијата на испораката после многу хаотичната седмица исполнета со панично купување на енергенси и тепачки на бензиските станици.







