Истражувањето објавено во „БМЈ Опен“ покажало дека луѓето кои побавно јадат имаат 42 отсто помали шанси да бидат дебели, додека пак лицата кои јадат со нормална брзина се со 29 отсто помалку шанси за дебелеење.
Истражувањето е направено во Јапонија, а испитаниците требало да одговорат на прашања која се однесуваат на нивните секојдневни навики во исхраната.
Во споредба со испитаниците кои брзо конзумираат храна, оние кои побавно јадат имале потесна половина за 0,21 до 0,41 сантиметри.
Промената во начинот на внесување на храна значително многу влијае на индексот на телесната тежина, предупредуваат авторите на студијата. „Бавното џвакање може да биде ефикасен начин превентивно да влијаете на дебелеење и да ги намалите останатите здравствени ризици кои донесуваат гојазност“, велат тие.
И американски магазин за нутриционизам направи слична студија во која дошле до зачудувачки сознанија. Истражувачите утврдиле дека испитаниците кои бавно јаделе полека ги губеле килограмите. Имено, тие тврдат дека дополнителното џвакање го забавува темпото на јадење, односно таквиот начин на хранење прави чувство на заситеност и помага во таканаречена попаметна конзумација.
Лицата кои јадат набрзина, гладта ја чувствуваат и после оброкот па поради тоа внесуваат поголеми количини храна во организмот.
Сепак, и покрај се, истражувањата не потврдиле дали лицето кое јаде побавно ќе биде повитко, но тие покажуваат како со правилно внесување на храна се одржува тежината.
Експертите советуваат како правилно да се џвака храната:
- каснувајте помалку
- џвакајте бавно и непрекинато
- каснатото треба да го преџвакате од 39 до 42 пати
- џвакајте се додека каснатото не стане течна и мека смеса
- голтнете се пред да каснете ново парче.







