Температури под нулата изутринава има во цела Македонија.
Најниските се измерени во Берово -10 степени и во Скопје минус осум.
Времето денеска, според УХМР, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Максималната температура ќе се движи од 6 до 12 степени.







