Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Македонија и Грција имаат исти интереси – безбеден регион
Македонија

Македонија и Грција имаат исти интереси – безбеден регион

октомври 25, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во пресрет на првата сесија на заедничкиот состанок на Северноатлантскиот совет, посветена на операциите и мисиите на Алијансата, министерката за одбрана Радмила Шекеринска вчера попладне имаше билатерални средби со своите колеги од Грција и од Естонија, Никос Панагиотопулос и Јури Луик.

На средбата со новиот грчки министер за одбрана Шекеринска истака дека двете држави треба да градат блиски билатерални односи и дека соработката на полето на одбраната ќе придонесе за тоа.

Шекеринска и Панагиотопулос го поздравија спроведувањето на мисијата „Air policing“ од страна на грчкото воздухопловство, за што началниците на Генералштабовите на армиите минатиот месец потпишаа и Технички аранжман.

„Преспанскиот договор ги отвори вратите за членство во НАТО, а реформите го обезбедија. И Северна Македонија и Грција имаат исти интереси – безбеден, стабилен и економски сигурен регион“, истакна министерката која се заблагодари за грчката поддршка за отворање на пристапни преговори на неодамнешниот Самит на ЕУ.

Грчкиот министер, Панагиотопулос, пак, порача дека двете земји со меѓусебна почит и со добра волја, имаат шанса да изградат подобра иднина за своите граѓани.

Договорот за соработка во одбраната, истакна тој, отвара многу можности за соработка и припадниците на двете армии ќе можат подобро да се запознаат, да вежбаат и да се усовршуваат заедно, како сојузници. Панагиотопулос, патем, се согласи дека за Балканот да биде мирен и стабилен потребно е да има искрени и добри односи помеѓу соседите.

На средбата со естонскиот министер за одбрана, Јури Луик, министерката се заблагодари за брзата ратификација на пристапниот протокол од страна на официјален Талин, и истакна дека овој процес продолжи да се движи со исклучителна брзина со оглед дека парламенти на 26 земји членки веќе го завршија ратификацискиот процес.

„Естонија со нетрпение го чека денот кога Северна Македонија ќе биде полноправен член на НАТО“, порача министерот Луик.

Министерката Шекеринска на заедничкиот состанок на министрите за одбрана на земјите – членки на НАТО, посочи дека Северна Македонија е целосно посветена на вредностите на Алијансата, како и на учеството во мисии и операции предводени од НАТО. На состанокот, таа се заблагодари за доследноста на Алијансата и за брзата ратификација на Протоколот за членство во НАТО, кој помина во парламентите на 26 земји членки.

Состаноците на министрите за одбрана во Брисел на кои учествува министерката Шекеринска, продолжуваат денеска.

 

 

(Фото: МИА)

актуелно балкан Грција Естонија македонија НАТО талин шекеринска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.