Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Македонија треба значително да ги засили амбициите во однос на зелената транзиција
Македонија

Македонија треба значително да ги засили амбициите во однос на зелената транзиција

октомври 14, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Северна Македонија треба значително да ги засили амбициите во однос на зелената транзиција, особено во контекст на Зелената агенда за Западен Балкан. Во текот на наредната година земјата особено треба да ги забрза напорите за намалување на загаденоста на воздухот на локално и национално ниво, како и за намалување на дифузното загадување на слатководните ресурси. Да се спроведат мерки за воспоставување на регионален систем за управување со отпад, особено во Источниот и Североисточниот регион, како и да го спроведе Парискиот договор, вклучително и со усвојување на закон за клима, во согласност со Рамката ЕУ 2030, се истакнува во овогодинешниот извештај на Европската комисија во однос на Поглавјето 27 – „Животна средина и климатски промени“.

Во Извештајот се заблележува дека земјата има одредено ниво на подготовка во областа на заштитата на животната средина и оти е постигнат одреден напредок во однос на заштитата на природата и за климатските промени, вклучително и со подготовката и усвојувањето на Планот за управување со Националниот парк „Галичица“. Сепак, како што се посочува во Извештајот, имплементацијата останува загрижувачка во сите сектори.

Според Европската комисија, административниот капацитет од полето на животната средина, на сите нивоа останува слаб, со недоволни човечки и финансиски ресурси за спроведување на законодавството, а работата на инспекциите има мало влијание.

„Нема подобрување во спроведувањето на Еколошките проценките на влијанието, со недостатоци, особено во процесите на јавни консултации и во квалитетот на извештаите. Недостатокотот на транспарентност и пристап до информации продолжува да биде проблем, се наведува во Извештајот.

Имено, како што се посочува во текстот, усвоени се Законот за еколошка инспекција и некои измени на Законот, а продолжуваат и активностите во областа на еколошката одговорност.

Во однос на загадувањето на воздухот, во Извештајот се нагласува дека и покрај постигнатиот напредок, квалитетот на воздухот останува голем проблем во големите градови. Изработене е Програмата за намалување на загадувањето на воздухот, а во август и октомври 2022 година започна подготовката на четири планови за квалитет на воздухот, заедно со пет катастри на загадувачи на воздухот. Во општините Берово и Прилеп беа поставени две мониторинг станици за квалитетот на амбиенталниот воздух и беа заменети мерните инструменти на неколку постоечки мерни станици, стои во Извештајот на ЕК.

За управувањето со отпад, во Извештајот е нагласено дека е усвоен Националниот план за управување со отпад (2021-2031).

„Националниот план за превенција на отпадот (2021-2027) е подготвен, но сè уште не

усвоен. Започнаа активности за изградба на регионален систем за управување со отпад во неколку региони. Воведувањето на регионален систем за управување со отпад на Североисточниот и Источниот региони дополнително е одложено поради отпорот на општина Свети Николе кон домаќин на централниот капацитет за управување со отпад. Започнаа активностите за затворање на дивите депонии во Источниот регион. Регионалните структури за управување со отпад сè уште не се целосно оперативни. Селектирањето на отпад и економските инструменти за промовирање на рециклирањето, повторната употреба и спречувањето на отпадот остануваат ограничени. Се финализираа подготвителните активности за чистење на малата депонија во ОХИС и започна чистењето, се посочува во Извештајот.

Од ЕК посочуваат и дека Владата го вклучи воспоставувањето на инфраструктура за собирање и третман на отпадни води како една од структурните реформски мерки во Програмата за економски реформи 2022-2024 година, но нагласуваат дека брзината на подготовката и имплементацијата на преостанатите големи проекти останува предизвик.

„Постигнат е добар напредок во заштитата на природата. Вкупниот процент на заштитени областите се зголеми на 13,9 проценти од територијата на државата, се посочува во Извештајот.

Во август 2021 година, Комитетот за светско наследство ѝ даде на земјата дополнителни две години за спроведување на препораките на УНЕСКО за природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Од ЕК оценуваат дека спроведувањето на препораките останува недоволно и бара посилна посветеност и реакција од националните и локалните власти.

Во однос на цивилната заштита, во Извештајот се посочува дека шумските пожари и кризата со Ковид-19 ја истакнале потребата од зајакнување на правната рамка и институционални капацитети на органите за цивилна заштита.

За климатските промени, од Еврокомисијата забележаа дека капацитетот останува слаб и од аспект на човечки ресурси и од аспект на финансиски средства и покрај преземените напори.

актуелно амбиции Европска комисија засилување зелена транзиција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.