Александар Иванов, ученик во ПСУ „Јахја Кемал“, освои бронзен медал на 48-та Меѓународна олимпијада по физика што се одржува во Џогјакарта, Индонезија.
На годинешнава олимпијада, покрај Иванов учествуваа уште двајца македонски средношколци Мартин Ристовски и Ѓорѓи Витанов и тие ученици во „Јахја Кемал“.
За достојното претставување на Република Македонија на овој престижен натпревар се погрижија д-р Боце Митревски и д-р Ламбе Барандовски.







