Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Македонското општество длабоко поделено, дијалогот се уште клучна слабост
Македонија

Македонското општество длабоко поделено, дијалогот се уште клучна слабост

јуни 27, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Политичарите од спротивните „табори“, но и граѓаните, да разговараат, да се научат на дијалог, наместо да се навредуваат. Да ги сослушуваат спротивните мислења и ставови, независно колку се тие радикални, порачаа учесниците на денешната дебата  „Деполаризација на јавниот дискурс: македонскиот невидлив критериум за членство во ЕУ“.

Заеднички беше заклучокот дека македонското општество и натаму е сé уште длабоко поделено, а оддалечувањето од целта на нашата држава, односно натамошното одолговлекување на процесот на евроатлантските интеграции, само ќе го продлабочи јазот на интра и интеретнички план и дополнително ќе ги засили политиките на омраза, конфликт и предрасуди.

„Постои многу анимозитет, омраза и гнев што се провлекува низ нашето општество подолг временски период. Сега кога сме на прагот на формалното членство во НАТО и пред почеток на преговорите со ЕУ, повторно сме соочени со ново, дополнително поларизирање на односите, недоверба и малодушност. Процесот на помирување не е лесен и едноставен и сигурно ќе трае со години можеби и децении, но, верувам дека мораме да го почнеме од себе и во себе, да тргнеме од нашето непосредно опкружување, од нашите профили на социјалните мрежи, од нашите коментари, ставови, забелешки, од нашето однесување кон пријателите, колегите, соседите, во нашите семејства, истакна претседателот Стево Пендаровски.

Тој во обраќањето напомена дека максимално ќе се заложи и ќе даде прилог во процесот на помирување, како што вети во предизборната кампања.

„Мислам дека мојот прилог во тие процеси ќе биде повидлив ако наместо во изработката на т.н. стратешки документи и проекти, се фокусирам пред се на т.н. мали потези, почнувајќи од кадровската политика, се до дневните одлуки во рамки на моите уставни и законски надлежности, рече шефот на државата.

Во овој контекст повтори дека влезот во ЕУ и НАТО ќе им ја олесни работата на сите граѓани, пред се на носителите на јавните функции, за суштинско подобрување на институциите и креирање клима на предвидливост, доверба која сега, според него, реално отсуствува.

„Но, секако, ниту евроатлантската интеграција нема преку ноќ да ја реши поларизацијата во општеството, поделбите на ваши и наши, свои и туѓи, патриоти и предавници, предочи Пендаровски.

За него се најважни професионалните и човечките квалитети, вештините и знаењето, искуството и креативноста на луѓето, а не, како што рече, политичката лојалност и формалната партиска, етничка, религиозна, идеолошка или која било друга припадност.

Професорот Трајко Славески делумно се согласи со ставовите на Пендаровски, но укажа дека наместо зборот „помирување“, можеби е подобро да се зборува за „деполаризација“ на општеството. На тоа Пендаровски одговори дека деполаризацијата како термин можеби е „поточен“, но „помирувањето“ е поразбирливо за обичниот човек.

„Мислам дека е најдобро меѓу претставниците на политичките партии да се постигне џентлменски договор за избегнување говор на омраза. Од СДСМ уживаат кога ќе кажат ДПМНЕ, а од ВМРО-ДПМНЕ кога велат СДС. Јас никогаш не сум го употребил изразот „комуњар“, а некој многу често и јасно го користи. Да не се навредуваме, туку да се натпреваруваме. Конкуренцијата е многу добра работа, истакна Славески.

И Гордан Герогиев кој ја модерираше панел-дисксуијата, се осврна на поделеноста. Оцени дека македонското општество упорно, дрско и бескомпромисно му вели „не“ на дијалогот.

-Наспроти сите обиди, се чини дека македонското општество тешко ги залечува длабоките лузни. Трауматичните настани што ги преживеавме како да не беа доволна траума за доволен број граѓани. Изгледа очекувањата им биле или премногу ниски или гледале со поинаква диоптрија или прагматичен пристап кон промените. И двата аспекта ги разбирам, но и двата не ги почитувам. Некој ќе рече, не, не баш напротив, Очекувањата ни беа големи и се разочаравме. Последнава реченица, често слушана деновиве, е токму епитом на еден од најтемелните проблеми со кои се соочува македонското општество, проблем кој ја тресе земјава подолго време и чии афтер шокови далекусежно се вплетуваат во она што се нарекува македонски штоф. Проблемот е – како да се научиме да разговараме меѓусебно?, потенцира Георгиев.

Панел-дискусијата ја организираше Институтот за општествени и хуманистички науки, во соработка со фондацијата National Endowment of Democracy (NED), а покрај учесниците присуствуваа и амбасадори и други високи гости.

актуелно македонско општество поделено
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.