Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Македонците најблагонаклонети кон Ердоган, светот кон папата Франциск
Политика

Македонците најблагонаклонети кон Ердоган, светот кон папата Франциск

февруари 12, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ужива најголема благонаклонетост од граѓаните на Северна Македонија.

Германската канцеларка Ангела Меркел е втора, а трет е претседателот на Русија Владимир Путин.

Анкетата што ја спроведе истражувачката агенција БРИМА, членка на Gallup International, со 1210 испитаници, лице-в-лице, во домот на испитаникот, покажува дека 60 проценти од испитаниците во земјава се изјасниле дека имаат благонаклоно или донекаде благонаклоно мислење за турскиот претседател Ердоган, кој е на врвот на оваа листа, а веднаш зад него, односно 54 отсто од анкетираните се изјасниле за германската канцеларка Ангела Меркел, која во поголемиот дел од светот е рангирана на првото место.

Од испитаниците во земјава, 47 проценти имаат позитивно мислење за
рускиот претседател Путин, 42 отсто за американскиот претседател Доналд Трамп, а на последно место е претседателот на Франција Емануел Макрон за кого 21 процент од испитаниците дале позитивно мислење и 63 отсто се изјасниле дека се неблагонаклонети кон него.

На глобално ниво, истражувањето на Меѓународната асоцијација Галуп – агенција со најдолга традиција во оваа област која е активна од 1947 година, според најновата анкета „Kрајот на годината”, покажува дека луѓе од сите континенти споделуваат заедничка надеж за поактивна Европска Унија.

Германската канцеларка Ангела Меркел веќе втора година по ред води на рејтинг листата на глобалните лидери во светот.

Веднаш по неа е францускиот претседател Макрон кој беше прв на оваа листа пред три години кога беше новоизбран претседател.

Всушност, овие двајца европски лидери се единствените што позитивно се оценети во ова истражување кое опфаќа 50 земји.

Анкетата покажува дека и американскиот и рускиот претседател постигнаа исти негативни перцепции како и минатата година, минус 27, односно, минус 17, а рејтингот на израелскиот премиер Нетанјаху е во опаѓање.

Иако не е политички лидер, папата Франциск продолжува да биде најповолно прифатен лидер во светот.

Теренската работа, на глобално ниво е спроведена од октомври до декември 2019 година, а интервјуирани се вкупно 45.676 лица.

Во секоја земја, националниот примерок опфаќа околу 1.000 мажи и жени кои биле интервјуирани или лице-в-лице, преку телефон или онлајн.

Севкупната маргина на грешка изнесува 3 до 5 проценти со ниво на доверба од 95 отсто.

актуелно Ердоган македонци папа франциск свет
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.