На дневен ред на самитот во Прага се прашањата за безбедноста, одбранбената стратегија, енергијата, миграцијата и други важни теми што се од суштинско значење за секојдневниот живот на европските граѓани.
„Овој собир е порака за единството на нашата Европа. Целта е сите Европејци да го споделат истото ‘читање’ на ситуацијата која ја засега нашата Европа, да изградиме заедничка стратегија која до сега не постоеше, поради што настанаа поделби. Се надевам на заеднички проекти. Овде има земји членки, и оние кои се во процес на пристапување, некои кои ја напуштија ЕУ, но сите делиме ист простор, често со иста историја, а нашата цел е да напишеме заедничка иднина“, порача од Прага, францускиот претседател, Емануел Макрон, врз чија идеја е основана Европската политичка заедница.
На Самитот, истакна, ќе се разговара за безбедноста на Европа, за одбранбената стратегија, енергетиката, миграцијата… Патем, вели, оти ќе бидат „допрени“ и други важни теми за кои тој, а другите европски лидери сметаат дека се исклучително важни за секојдневниот живот на европските граѓани.







