„Напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ, нема да замине во Пари Сен-Жермен“, објави италијанскиот новинар Ди Марцио на својата веб-страница.
Парижаните бараат алтернатива во нападот за повредените Единсон Кавани и Килијан Мбапе.
Триесет и три годишниот Хрват одбра да одлучи за својата иднина во опуштена атмосфера, а не на неколку дена пред крајот на трансфер прозорецот.
Тој во зима има намера да ги разгледа опциите за трансфер во САД, Кина или во друга земја.
Минатата сезона Манџукиќ одигра 33 натпревари за Јувентус, постигна десет гола и забележа седум асистенции.







