Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Маричиќ: Преговорите со ЕУ ги отвораат европските програми за иновации и технолошки развој за македонските истражувачи
Македонија

Маричиќ: Преговорите со ЕУ ги отвораат европските програми за иновации и технолошки развој за македонските истражувачи

април 28, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска е во работна посета во Брисел по повод одржувањето на билатералниот скрининг состанок за Поглавје 25, „Наука и истражување“.

Вицепремиерот Маричиќ во воведното обраќање на билатералниот состанок пред Европската комисија кажа дека македонската Влада е подготвена да ги исполни условите потребни за ефективно учество во истражувачки програми, со цел Северна Македонија да се интегрира во Европската истражувачка област и да дава свој придонес во истата.

Преговорите со ЕУ отвораат нов циклус во развојот на науката и истражувањето во Северна Македонија и секако ни дава добра рамка и голема мотивација да продолжиме по патот што го одиме, рече Маричиќ.

Главниот преговарач со ЕУ, Маричиќ, ја искористи приликата и накратко ги претстави реформите и работата преземена во областа, укажувајќи на она што досега е преземено и она на што се работи.

Северна Македонија е во завршна фаза на развивање на Стратегијата за паметна специјализација, следејќи ја стандардната методологија на Европската унија и во континуирана комуникација со Заедничкиот истражувачки центар. Усвојувањето на Стратегијата за паметна специјализација и поставувањето на институционалната инфраструктура за поддршка на соработката меѓу академијата и бизнисот е од особено значење за создавање конкурентна економија, рече Маричиќ, додавајќи дека имаме развиено и национален патоказ за истражувачка инфраструктура и дека „Фондот за иновации и технолошки развој како агенција за имплементација континуирано спроведува активности поврзани со доделување средства за иновативни проекти во мали и средни претпријатија“.

Тој посочи дека буџетот за истражување е двојно зголемен во споредба со претходните две години и дека е насочен кон финансирање на научно-истражувачки проекти и истражувачка инфраструктура, како во академската средина, така и во јавните истражувачки институции.

Маричиќ укажа дека истражувањето и иновациите во денешно време се сметаат за двигатели на секоја економија која се стреми да биде попросперитетна и поконкурентна.

Во исто време, истражувањето и иновациите се сметаат за средства за постигнување дигитална и зелена трансформација на секое општество. Како земја членка на ЕУ, ќе имаме можност целосно да учествуваме во истражувачките програми на ЕУ, што значи вклучување на македонските истражувачи во големи проекти за иновации, истражување и наука, рече Маричиќ.

На крајот од своето излагање главниот преговарач со ЕУ изрази задоволство што Северна Македонија ќе биде домаќин на овогодишниот министерски состанок за Западен Балкан во Скопје на 5-6 јуни, бидејќи според Маричиќ „овој состанок е од политичко и стратешко значење за нашата земја, но и можност за министрите од Западен Балкан, високите претставници на Комисијата, другите релевантни чинители да се вклучат во значајна дискусија и да развијат уште подлабоки врски и соработки“.

Северна Македонија од јануари 2021 година е полноправна членка на програмата на Унијата „Хоризонт Европа“ за истражување и иновации, во која учествува под истите правила и обврски како и земјите-членки на ЕУ, со што Европската комисија дава стратешкото значење кое се рефлектира преку агендата на Комисијата за иновации, истражување, образование, култура и млади, информирааат од Секретаријатот за европски прашања.

На билатералниот скрининг состанок учествуваа претставници на Работната група предводена од Министерството за образование и наука како главна институција за Поглавјето 25, како и претставници на Министерството за економија, Фондот за иновации и технолошки развој, Државниот завод за индустриска сопственост, експерти од академската средина, Комисијата за спречување на корупција, кои ја презентираа правната рамка, нивото на усогласеност, институционалната рамка и идните планови во областите: наука, политики за истражување и иновации, аспект на рамнотежа меѓу половите, концептот на отворена наука, заштита на индустриската сопственост во контекст на истражување и развој, учество во програми на Европската унија и соработка со други европски и меѓународни мрежи, тела и агенции.

Следен состанок на билатералната скрининг агенда, од Кластерот 3, „Конкурентност и инклузивен раст“, е за Поглавје 19, „Социјална политика и вработување“, кое ќе се одржи од 10-12 мај.

Во рамки на работната посета на Брисел, вицепремиерот за европски прашања ќе се сретне со вршителката на должност директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Микела Матуела и со Сајмон Мордју, советник за надворешна политика на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

актуелно ЕУ маричик преговори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.