Тајландската полиција денеска објави дека уапсила 14-годишно вооружено момче после пукањето во луксузнниот трговски центар „Сиам Парагон“ во главниот град Бангкок, во кое, според информациите добиени од службата за Итна медицинска помош, загинале три лица, а четворица се ранети.
Детективскиот оддел на полицијата на својата Фејсбук страница објави дека момчето, кое е осомничено за нападот, е уапсено и приведено на распит поради инцидентот во трговскиот центар.
Службите за итни случаи споделија фотографија од полицаец кој апси и става лисици на лице кое лежи со лицето на земја.
Тајландскиот премиер, Сретта Тависин, објави дека примил известување дека напаѓачот е уапсен и дека ситуацијата е под контрола.
Видеоснимките објавени претходно на социјалните мрежи покажаа сцени од хаос на кои се гледа како мноштво мажи, жени и деца бегаат надвор од трговскиот центар додека чуварите им сугерираат тоа да го сторат побрзо.
Вооружените напади на Тајланд не се невообичаени.
Минатата година, поранешен полицаец уби 22 деца во градинка, а во 2020 година, војник од огнено оружје уби најмалку 29 луѓе и рани 57 во и околу тајландскиот град Након Рачасима.







