Во текот на вчерашниот ден во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици.
При контролата констатирани две кривични дела по член 284-а од Кривичниот законик за возење без соодветна лиценца. Констатирани се 44 сообраќајни прекршоци, а на вонреден технички преглед било упатено 21 возило.
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.
Од МВР со апел до сите да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.
ФОТО: МВР