Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » МЕДИЦИНСКИ СКАНДАЛ: Страшна болничка грешка ја тресе Словенија, пациентите во шок
Во Фокусот

МЕДИЦИНСКИ СКАНДАЛ: Страшна болничка грешка ја тресе Словенија, пациентите во шок

февруари 21, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Словенија овие денови ја потресува грозоморен случај на болничка грешка.На почетокот на октомври на двајца пациенти им била извршена гастроскопија.На здрав пациент во доцните 40-ти му било кажано дека е тешко болен, заради што на крајот на ноември му бил отстранет желудникот.Извесно време потоа на „тешко болниот пациент“ му кажале дека е здрав.

Урша Мурн, директорка на Медицинскиот центар „Барсос“ во Љубљана, вели:

„Подоцна се покажа дека најверојатно дошло до замена.

Не знаеме точно во кој дел од процесот“, пишува интернет порталот Данас.хр.

Дека нешто не е во ред, откриле во јануари, откако изваденото ткиво било испратено на анализа, каде што не биле пронајдени канцерогени клетки. Тогаш здравиот пациент дознал дека по грешка останал без желудник.

Адвокатот на оперираниот пациент, Рок Петрич, вели:

„Со ваков шок каков што доживеа мојот клиент, прашањето за психолошка помош само се наметнува. Господинот е во тежок шок од се.“

Другиот пациент, кој во октомври добил наод дека е здрав, во меѓувреме направил дополнителен преглед кој покажал дека има карцином. Дури четири месеци бил убедуван дека е здрав и не се лекувал.

Директорката Урша Мурн објасни:

„Кај нас на пациентот му беше извршена контролна гастроскопија, каде што беше направена биопсија и врз основа на истата е утврдено дека има канцерогени клетки, заради што веднаш беше испратен на понатамошно лекување.“

Дијагностичарот, велат, случајно ги заменил примероците од ткивата од двајцата пациенти.

Гашпер Пилко, раководител на Одделот за оперативни активности во љубљанскиот Онколошки институт, пак, вели:

„Од Медицинскиот центар ‘Барсос’ на крајот на јануари не известија дека најверојатно дошло до замена на примероци на двајца пациенти.

Му се извинивме на пациентот, му понудивме психолошка помош и поддршка во лекувањето, главно во вид на престој на Клиника за исхрана.“

За овој пропуст предоцна дознаа не само пациентите, туку и во ресорното министерство.

Маријан Пинтар, државен секретар на словенечкото Министерство за здравство, изјави:

„Тука роковите секако се пробиени. Пропишаниот рок е 48 часа.“

Од Институтот велат дека не се обиделе да ги прикријат случаите, туку дека вакво нешто првпат им се случува, па не знаеле за протоколот.

Директорката Урша Мурн додава:

„Факт е дека пациентот ни беше приоритет, дека пациентите се информирани, дека се грижиме за пациентите.“

Адвокатот на пациентот кој остана без здрав желудник, освен обештетувањето за кое ќе се обиде да се спогоди со болницата, очекува и конкретни објаснувања како дошло до овој голем пропуст.

„Се надевам дека секоја од институциите кои се дел од скандалов ќе соработува со мене и со мојот клиент во процесот на утврдување на фактите за тоа каде е направена грешката и што ја предизвикало. Со своето невнимание словенечките лекари загрозиле два животи. Здравјето не можат да им го вратат, но затоа пациентите би можеле да добијат отштета меѓу 100 и 200 илјади евра.“

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Илустрација)

актуелно желудник здравство карцином пациент рак словенија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.