Ирскиот борец Конор Мекгрегор вчера рече дека во натпреварите во мешовити боречки вештини ќе се врати за отприлика три месеци.
Мекгрегор вели дека „потполно концентриран“ ќе влезе во октагонот за борба на 18 јануари во Лас Вегас.
„Тоа е мојата борба за враќање назад. Во одлична физичка состојба сум. Ја договорив датата со УФЦ и не ми е грижа кој ќе ми биде противник“, изјави Мекгрегор.
Тој рече дека планира уште две борби, вклучувајќи и реванш со Хабиб Нурмагомедов во Москва, за кого во текот на конференцијата изнесе низ навреди.
После првата борба Мекгрегор сака да се бори со победникот од дуелот меѓу Нејт Дијас и Хорхе Масвидал, а потоа со Нурмагомедов или Тони Фергусон.
„Ќе одам низ списокот на борци како моторна пила низ маргарин“, наведе 31-годишниот Ирец.
Тој истакна дека планира да се воздржи од алкохол и ноќни излегувања, за да биде што поподготвен за борбата во јануари.
„Потребни ви се 66 денови за да створите навика. Сега одам порано во кревет и порано станувам. Структурираниот пристап е клуч за успехот. Сите милијардери мораат да бидат организирани, изјави некогашниот светски шампион во перо категорија.
Мекгрегор по поразот во УФЦ 229 од Хабиб Нурмагедов, после која борба дојде до тепачка во и надвор од октагонот, беше суспендиран на шест месеци и казнет со 50.000 долари.







