Легендарниот американски тенисер Џон Мекинро смета дека шпанскиот гуру Пепе Имас лошо влијаел на Новак Ѓоковиќ.
„Од емоционална гледна точка, можеби почуствувал дека сака да земе некој кој би сакал да ’прегрнува луѓе’, изјави Мекинро во интервју за „Гардијан“.
„Тоа нужно не значи дека ќе го има тој убиствен инстикт. Не го губи автоматски, но не сакате да дојдете во ситуација во која се се сведува на љубов и мир, а тогаш морате да излезете на терен и некому да му ’влезете’ во главата. Тоа го гледам како процес, но на тоа допринесуваат многу работи – се она што се случува на теренот. Беше повреден, се чуствува изневерено, сето тоа влијае на него. Но, се мислев дека работите ќе се поправат“, вели Мекинро.
Ѓоковиќ оваа недела ќе игра во Истборн, а со него не ќе биде тренерот Андре Агаси, за кој сеуште не се знае дали ќе биде крај српскиот тенисер на Вимблдон, што воопшто не му се допаѓа на Мекинро.
„Не гледам како тоа би можело да потрае ако Андре е со него само во одделни моменти. Но, ако би бил со него да речеме еден месец, тоа би било потполно друга ситуација.да одлучам повторно да работам со Милош (Раониќ) и да се појавам два дена пред Вимблдон, во тој момент тешко би можел да имам какво било влијание. Потребно ви е барем она што јас го имав минатата година – да ја почуствувате неговата рутина, да видите што го покренува и што вие можете да допринесете. Не го доведувам во прашање тоа дека Андре може да допринесе за Новак, сакам да успеат, затоа што тоа е добро да се види, а би било добро и за самиот спорт. На хартија се изгледа идеално, тој ја оживеа својата кариера и постојат причини зошто тоа има смисла. Но, тешко е да помислите дека може да има смисла толку брзо. Ако си одите после првата недела, па да се вратите на неколку дена …. Со која било личност потребно е време.“
Мекинро не е изненаден со падот на формата на Ѓоковиќ, дури тој тоа и го очекувал.
„Сигурно е дека потешко е да се остане на врвот, отколку да се стаса до него. Тие момчиња имаат сјајни кариери. Новак веќе има 12 титули. Претпоставувам дека не би требало да бидеме потполно шокирани што ’падна’ откако стана првиот тенисер после 47 години којшто во ист момент беше шампион на сите четири Грен слема“, констатираше Мекинро.