Бразилците во еден од дерби натпреварите во осминафналето на Светското првенство сакаат да го продолжат походот кон шестата светска титула, додека Мексиканците ќе пробаат да го прекинат проклетството од оваа фаза на натпреварување денеска во Самара.
Репрезентацијата на Мексико на изминатите шест Мундијали губеше во борбата за премин во четвртфиналето.
„Возбудени сме што играме голем натпревар со Бразил, но се надеваме дека конечно ќе отидеме чекор понатаму. Сакам само да ги предупредам судиите да не наседнуваат на глумата на Нејмар, затоа што тој знае одлично да падне и после тоа да бара фаул“, порача капитенот на Мексиканците, Андреас Гуардадо.
За репрезентацијата на Мексико нема да настапи суспендираниот штопер Ектор Морено, додека Бразилците имаат проблеми со повредите на Даглас Коста, Марсело и Данило, кој е најблизу до враќањето во екипата. „Кариоките“ и Мексиканците до дега четири пати се среќавале на Мундијалите, и гол разликата е 11:0, во корист на фаворитите.
Состави:
Бразил: Алисон, Фагнер, Тијаго Силва, Миранда, Филипе Луис, Каземиро, Паулињо, Вилијам, Кутињо, Нејмар, Габриел Жесус.
Мексико: Очоа, Лајун, Ајала, Салседо, Гаљардо, Ерера, Џонатан Дос Сантос, Гуардадо, Вела, Чичарито, Лозано.







