Германската канцеларка Ангела Меркел и папата Фрањо се сложија дека „ѕидовите треба да се рушат“, а не да се градат, а поглаварот на Римокатоличката црква ги поддржа напорите на канцеларката да го сочува Парискиот договор за климатските промени, и покрај повкелувањето на САД.
Состанокот на Меркаел и папата траеше 40-тина минути, а една од темите била Самитот Г-20 којшто се одржува на 7 и 8 јули во Хамбург.
Ватикан соопшти дека теми на разговор биле и борбата на меѓународната заедница против сиромаштијата, гладта, тероризмот и климатските промени.
Меркел на новинарите им изјави дека на папата му го опишала дневниот ред на Г-20 самитот за кој таа вели дека „претпоставува дека сме во светот во кој сакаме да работиме заедно, во светот во кој не сакаме да градиме, туку да рушиме ѕидови“.







