Неизвесно е се уште кога ќе завршат преговорите помеѓу претставниците на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), нејзината сестринска Христијанско-социјална унија (ЦСУ) и Социјалдемократската партија на Германија (СПД) за состав на новата владина каолиција, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.
Според неа преговорите ќе бидат тешки и дека и покрај добрата подготвителна работа, се уште има важни прашања кои треба да се решат.
Последната рунда преговори за широка коалиција започна денеска, а двете страни ичекуваат крај на преговорите иако оставаат можности тие да продолжат и наредните денови.