Светското првенство во фудбал во 2022 година влезе во завршница. Хрватска и Аргентина играат во полуфиналето на Мундијалот, а тој натпревар би можел да помине без најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси.
Загрепските „Спортске новости“ пишуваат дека Меси би можел да биде казнет од Меѓународната фудбалска организација (ФИФА) за неговото однесување за време и по четвртфиналниот натпревар против Холандија.
Поточно, поради критиките за судењето, кое е строго забрането.
Може ли ФИФА да го казни најдобриот аргентински играч Лионел Меси?
ФИФА отвори дисциплинска постапка против репрезентациите на Аргентина и Холандија поради рекордниот број жолти картони на нивната средба во четвртфиналето, кога шпанскиот судија Антонио Лахоз покажа вкупно 18 картони.
Но, аргентинските медиуми со страв го коментираат фактот дека Меси многу негативно го коментираше судењето на Шпанецот, што е забрането со еден член на ФИФА.
За дел од медиумите изјави дека „не сака да зборува за судењето бидејќи може да биде казнет“, додавајќи „но сите видоа што се случи“, додека аргентинскиот „Кларин“ го додава следниот цитат од Меси:
„Холанѓаните израмнија на 2-2 по непостоечки фаул, а тоа беше само продолжение на, генерално кажано, лошо судење“.
Дали ФИФА навистина ќе го казни Меси со забрана за играње во полуфиналето, тешко е да се каже.
Од друга страна, во пресрет на мечот на стадионот „Лусаил“, „Кларин“ потенцира дека двајца Аргентинци сигурно ќе отсуствуваат поради жолти картони.
„И додека отсуството на Гонзало Монтиел може полесно да се надомести, неиграњето на Маркос Акуња може да биде голем проблем. Искусниот 31-годишен играч на Севиља одлично се снајде по левата страна на Аргентина и беше еден од најдобрите играчи на тимот на „гаучосите“ на овој шампионат“, пишува споменатиот аргентински весник.







