Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Меѓународен ден на белиот стап
Настани

Меѓународен ден на белиот стап

октомври 13, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во Република Македонија 2.500 деца од претшколска возраст имаат оштетен вид.

Потребно е подобрување на квалитетот во образованието, социјалната инклузија која им е неопходна на децата со визуелно нарушување, инфраструктура, дактилни патеки и многу други работи кои би го олесниле пристапот за нив.

Ова денеска го истакна Суарет Алишан од НВО „Детски свет нов почеток“, на настанот насловен „Различни, посебни, а еднакви – Менуваме“, кој се одржа во Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ по повод 15 октомври, Меѓународниот ден на белиот стап – симбол на лицата со визуелно нарушување на видот.

„Бројката од 2.500 деца со оштетен вид е застрашувачка, бидејќи тоа се деца од претшколска возраст и во неа не се опфатени децата од основните и средните училиштата, високото образование или деца кои никогаш немале пристап до училишната клупа.

„Денеска сме тука за да покажеме дека и ние лицата со визуелно нарушување сме еднакви како и останатите без оглед на нашата попреченост, да ги испромовираме нашите цели и заложби за кои како организации се залагаме“, рече Алишан.

Тој посочи дека се еднакви како и останатите деца, дека училиштето „Димитар Влахов“ е отворено и за останатите деца без оглед дали имаат визуелна попреченост.

„На 15 октомври на плоштадот Македонија ќе се одржи симулација каде луѓе кои немаат пречки во видот со превез ќе свртат еден круг околу фонтаната за да видат како ние лицата со оштетен вид поминуваме едно секојдневие во општеството“, истакна Алишан.

Нагласи дека нивниот фокус понатаму во соработка со сите организации ќе биде активна донаторска сметка, а средствата ќе бидат наменети за мултисензорна опрема и простор, што им е потребно на децата со оштетен вид од најмала до најголема возраст. Додаде дека  Министерството за образование и наука веќе изготвило програма и од 2018/2019 година во оваа установа ќе има преодно средно образование, т.е.општа гимназија.

Директорот на Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, Горанчо Јакимов рече дека се вложиле сите заеднички на учениците да им се овозможат услови и образование какво што им е потребно.

„Мора да се работи на полето на квалитетот на образованието, на условите и на наставните средства и помагала кои им се повеќе од потребни на овие ученици за да можат да ги совладаат содржините предвидени во наставните планови.

„Очекувам дека оваа иницијатива ќе вроди една плодна соработка и заеднички ќе придонесеме овие учениците ја видат светлината која ја заслужуваат“, рече Јакимов и ја поздрави секоја иницијатива која е во насока на помагање на учениците.

актуелно димитар влахов македонија министерство за образование
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.