Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Меј: Или договор, или излез без договор, или збогум Брегзит
СВЕТ

Меј: Или договор, или излез без договор, или збогум Брегзит

ноември 15, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Британската премиерка Тереза Меј денеска на пратениците им кажа дека имаат јасен избор – или да го поддржат нејзиниот договор за Брегзит, или Велика Британија да ја напушти Европската унија без договор, или воопшто да нема Брегзит.

„Изборот е јасен: можеме да излеземе без договор, можеме да ризикуваме воопшто да нема Брегзит, или можеме да избереме да се обединиме и да го поддржиме најдобриот договор кој може да се постигне, рече Меј.

Таа го бранеше нејзиниот договор со кој ирската граница останува отворена откако Велика Британија ќе ја напушти Европската унија, велејќи дека „дејствувала во национален интерес“.

„Нема договор … кој не ја вклучува оваа осигурителна политика, изјави Меј во Парламентот.

Таа рече дека официјалните претставници на ЕУ направиле „голем број отстапки“ за време на преговорите за Брегзит, и го повлекле барањето за царински аранжман само со Северна Ирска.

Би било „целосно неодговорно“ да се откажеме, истакна Меј и побара од пратениците да го поддржат нацрт-договорот кога ќе се гласа во Парламентот.

Неколку министри во британската Влада денеска поднесоа оставки во знак на протест поради договорот на Меј со Брисел за излезот на Велика Британија од Европската унија. Прв оставка поднесе британскиот министер за Брегзит Доминик Рааб, истакнувајќи дека „не може со чиста совест да го поддржи“ нацрт-договорот за Брегзит со ЕУ.

Во рок од неколку часа оставки поднесоа и министерката за труд и пензии Естер Меквеј, пратеничката во владејачката Конзервативна партија и помошничка на министерот за образовние Ан-Мари Тревелијан, државната министерка во Министерството за Брегзит Суела Брејвермен и британскиот државен министер за Северна Ирска, Шаилеш Вара. Сите своите оставки ги образложија со незадоволство и загриженост поради нацрт-договорот на Меј за Брегзит.

Европската комисија денеска одби да заземе став во врска со оставките во британската Влада.

„Нема да коментираме внатрешнополитички случувања. Преговараме со премиерката Тереза Меј и со нејзината Влада. Ќе ја продолжиме добронамерната заедничка работа, изјави претставник на ЕК.

Тој одби да ја коментира можноста договорот да биде отфрлен. Тој исто така  информира дека во последните неколку часа претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер не разговарал со британската премиерка.

Европската комисија и Велика Британија вчера постигнаа договор за условите на Членот 50 кој се однесува на Договорот за повлекување, соопшти Европската комисија.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска најави дека во недела на 25 ноември ќе биде одржан вонреден самит на Европската унија на кој ќе биде финализиран и формализиран договорот за излез на Велика Британија од Унијата.

Брегзит ЕУ Тереза Меј
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Италија го менува својот изборен систем

октомври 9, 2026

Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести

октомври 9, 2026

Фон дер Лајен се очекува да ги претстави реформите пред проширувањето на ЕУ

октомври 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.