Британската влада соопшти дека нема да влезе во преговори за предлогот на шкотската влада да одржи нов референдум за независност на Шкотска кон крајот на 2018 или почетокот на 2019 година.
Британската влада на тој начин реагираше на гласањето во шкотскиот парламент, на кое пратениците го поддржаа предлогот на премиерката Никол Старџ да се одржи нов референдум за невазисност на Шкотска.
„Би било неправедно кон народот на Шкотска да се бара од нив да донесат клучна одлука без неопходни информации за нашиот иден однос со Европа, или за тоа како би изгледала независна Шкотска“, се наведува во соопштението на британската влада, пренесе Ројтерс.
Шкотските пратеници во средата гласаа да и се овозможи на премиерката Никол Старџон да поднесе официјално барање до британската влада за одржување нов референдум за независност на Шкотска, непосредно пред покренувањето на процесот за излегување на Британија од ЕУ.
За поднесување на барање за нов референдум гласале 69 пратеници, а 59 биле против.
Британската премиерка Тереза Меј најави претходно дека ќе го активира членот 50 од Лисабонската спогодба со кој се покренува излегување на Британија од унијата после 44 членство и отпочнување на преговори за кои се очекува дека ќе траат две години.
За референдум е потребно одобрување од британската влада, а Меј веќе рече дека „сега не е време“.
Старџон минатата година изјави дека Шкотска е присилена да ја напушти ЕУ против својата волја.
Последните истражувања покажале дека поддршката за независност на Шкотска е 46 отсто, што е наголем процент од 1999 година, од кога се спроведува такво истражување.