На покана од српскиот министер за одбрана Александар Вулин, министерката за одбрана Радмила Шекеринска присуствува на воената парада, по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Белград.
На свеченоста „Слобода 2017“ која се одржа на аеродромот Батајница, беа прикажани дел од оперативните способности на единиците на српската војска, како и дел од новата опрема.
Присуството на министерката за одбрана Шекеринска на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Белград, e потврда за определбата на владата на Република Македонија за унапредување на добрососедските односи.







