Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Министерство за економија: Согласно ЦЕФТА и ЕУ регулативата не е дозволен увоз на риби и рибини продукти од Косово, но се бара решение
Економија

Министерство за економија: Согласно ЦЕФТА и ЕУ регулативата не е дозволен увоз на риби и рибини продукти од Косово, но се бара решение

август 8, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерството за економија во врска со наводите од страна на ресорното Министерство на Република Косово за трговски бариери кои ги спроведува државава при увозот на риби и рибини продукти од таа држава соопшти дека согласно
Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) и ЕУ регулативата не е дозволен таков увоз, но оти се бара решение.

„Согласно обврските кои се реализираат во ЦЕФТА каде двете земји се членки, а особено согласно најновите активности во Република Северна Македонија за реализација на Дополнителниот протокол 5 за олеснување на трговијата, сите релевантни учесници во реализирањето на активностите за олеснување на трговијата, вклучувајки ги Министерството за економија и Агенцијата за храна и ветеринарство, активно се вклучени во спроведување на мерките на трговската политика утврдена согласно на важечките договори, спогодби и подзаконски акти усогласени со
европските стандарди и нормативи. При тоа сакаме да напоменеме дека во спроведувањето на законската регулатива се спроведува еднаков и недискриминаторски принцип кон сите земји со кои Република Северна Македонија врши трговска размена“, стои во соопштението.

Во врска со наведеното од страна на Република Косово дека со новите подзаконски акти од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство од јуни 2019 година се оневозможува увозот на риби и икра од Република Косово, во дописот се посочува дека е тоа согласно правилата на ЦЕФТА и европската регулатива.

„Постапувајќи согласно на правилата на ЦЕФТА, Република Северна Македонија уште во месец јуни на редовните состаноци на ЦЕФТА, како и со соопштение на Агенцијата за храна и ветеринарство, ја извести косовската страна дека новите законски прописи се донесени согласно на Европската регулатива. Агенцијата е лиценцирано тело согласно на европските стандарди и истите ги применува неселективно при увозот на
производи во РСМ. Наведената регулатива е усогласена со регулативата на Европската комисија бр.206/2010 од 12 март 2010. Ова е согласно и со Спогодбата за санитарни и фитосанитарни мерки на СТО каде земјата е членка од 2003 година. Согласно оваа регулатива, Косово не е наведено за дозволен увоз на аквакултура и соодветно на тоа ова е транспонирано и во нашата легислатива. Неприменување на овие прописи би довело до негативни ефекти врз статустот на земјата во однос на пристапните
преговори“, се додава во соопштението.

Сепак, се посочува понатаму, Република Северна Македонија ќе излезе во пресрет на барањето на Република Косово за изнаоѓање на решение сé во интерес на долгогодишната одлична меѓусоседска трговка соработка.

ЕУ Косово министерство за економија риби рибини продукти ЦЕФТА
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI

октомври 8, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.