Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави денеска дека овој викенд би можел да биде отворен поморски хуманитарен коридор меѓу Кипар и Газа, како дел од забрзаните напори на Западот за олеснување на хуманитарната криза во палестинската енклава разурната од војна.
„Сега сме многу блиску до отворање на коридорот, се надевам оваа сабота, оваа недела“, рече Фон дер Лајен, кој е во посета на Кипар.
„Го лансираме овој кипарски поморски коридор заедно, Европската унија, Обединетите Арапски Емирати и Америка“, рече таа.
Мисијата за помош е заеднички напор на Европската комисија, Германија, Грција, Италија, Холандија, Кипар, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија и Америка.
Тие во заедничка изјава најавија дека ќе обезбедат испорака на значителна количина хуманитарна помош за населението во Газа.
Америка најавија дека нивна посебна воена мисија, во координација со хуманитарните партнери и други земји ќе формира привремено пристаниште во Газа.
Тоа ќе биде спроведено во тесна координација со израелската влада, се вели во заедничката изјава.
„Доставувањето хуманитарна помош директно во Газа по морски пат ќе биде сложено, а нашите нации ќе продолжат да ги проценуваат и приспособуваат нашите напори за да се обезбеди најефикасна испорака на помошта. Овој поморски коридор може – и мора – да биде дел од сталните напори за зголемување на протокот на хуманитарна помош и комерцијални стоки за Газа преку сите можни рути“, се истакнува во заедничката изјава.
(Фото: Ставрос Јоанидис / АФП)







