Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мицкоски: Не смееме да станеме општество заложник на омразата и прогонот
Македонија

Мицкоски: Не смееме да станеме општество заложник на омразата и прогонот

декември 30, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Јас сум убеден дека секој од вас ги чуствува предизвиците, тешкотиите и негативните последици од лошиот стандард, политичките турбуленции, затегнатоста на односите. Затоа јас ќе се задржам на денешната реалност и чекорите во иднина, вели во почетокот од своето новогодишно обраќање до јавноста, Христијан Мицкоски, новоизбраниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните имаат изневерени очекувања. Клучните владини ветувања за подобар живот не се исполнуваат. Имаме општествен, економски и политички застој. Економската слобода е загрозена. Таа е темелот на сите човекови слободи и детерминанта за развој на општеството. Држава без економска слобода е земја на несреќни граѓани. Недостатокот на економската слобода се решава единствено со концепт базиран на реални и конкретни чекори“, истакнува Мицкоски.

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, потребни се силни вложувања во капиталните инвестиции и раст од најмалку 4 отсто за да се постигне реално и квалитетлно зголемување на стандардот.

„Потребни се суштински мерки во бизнисот и поддршка од државата. Невработеност под 10 осто. Неопходна е силна фокусираност на инвестициите кои ќе отворат нови работни места. Но каква е реалноста? Пензиите и платите не се зголемуваат, а просечната плата од 500 евра ја нема. БДП во првите три квартали забележува пад од 0,4 отсто“, нагласува Мицкоски.

Според него, со проблеми се соочуваат и земјоделците не само поради намалените субвенции, туку поради тоа што пазарот на земјоделски производи е, како што вели, изгубен. Несигурниот пласман значи загуба во заработката и неизвесност кај земјоделците, предупредува Мицкоски.

Додава дека напредок нема ниту во поглед на енергетиката.

„Наместо енергетска стабилност се раѓа нова енергетска зависност. Следи ново поскапување на струјата, а вистинската гасификација е заглавена. Се воведе евтина тарифа, која сега пак најавија дека ќе ја укинат. Поскапува дизелот како резултат на зголемување на акцизите за нафта, а данокот на добивка и персоналниот данок е извесно дека ќе го зголемат. Граѓаните единствено се обединети во својата мака, затоашто беспарицата е заеднички проблем за многу смејства“, потенцира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што нагласува Мицкоски во своето обраќање, Европската Унија и НАТО мора да станат достижни цели, а членството таму е резултат на макотрпна работа, а не протоколарни состаноци и опасни импровизации.

„Потребен е политички дијалог, политичките субјекти во Македонија не смеат да бидат непријатели, туку конкуренти чиј натпревар е обезбедување подобар живот за граѓаните. Дијалогот е двостран процес. За него е неопходно разбирање и поддршка базирана на принципиелни основи. Секако дека има работи за кои како партија ќе оцениме дека вреди да се поддржат и за кои сме убедени дека се од интерес за граѓаните. За да има дијалог, мора да има слобода за искажување на критичката мисла. За да има слобода, мора да се стави крај на политичкиот притисок и одмаздата. Прогонот раѓа и желба за одмазда, а тоа е бумеранг кој се враќа. Владеењето со страв е еднонасочна улица. Ние не смееме да станеме општество заложник на омразата и прогонот“, потенцира Мицкоски.

На крајот тој додава дека иако кај многумина надежта е мала, таа не смее да исчезне.

„Македонија може и мора подобро. Македонија мора да оди напред. Следете ме и оваа Нова Година ќе биде година на нова надеж, и година кога граѓаните ќе ја препознаат вистинската енергија која може да направи подобра иднина за сите. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи и внатрешни промени. И ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати посилно од порано. На крај, дозволете на секој од вас, да му посакам лична среќа и пред се добро здравје. Сакајте ги блиските, нека новата година донесе исполнување на вашите планови на личен и професионален план, но пред се љубов, разбирање и напредок во семејството“, завршува Мицкоски.

актуелно вмро-дпмне држава Претседател Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.