Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мицкоски: Плаќањето придонеси за повисоки плати е за продолжување на кариерата на Заев
Македонија

Мицкоски: Плаќањето придонеси за повисоки плати е за продолжување на кариерата на Заев

септември 1, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Лидерот на опозициската ВМРОДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оцени дека со предлог законот со кој што државата ќе ги плаќа придонесите за пензиско-инвалидско
осигурување ако работодавачот го зголеми примањето за дополнителни 6.000 денари владејачката СДСМ и премиерот Зоран Заев прават директен упад во законите и Уставот.

Според Мицкоски, мерката е за продолжување на политичката кариера на Заев и неговите соработници, а работниците нема да добијат зголемени примања.

„Ова е чиста статистичка операција за да ја подобри страшната цунами политика на СДСМ, затоа што работниците 100 – те евра, што до сега ги добивале на рака од работодавачите кои не го почитувале законот и работеле спротивно на законот, сега ќе ги добиваат жирално на сметка, а придонесите ќе ги плаќате вие“, рече Мицкоски.

Тој ги критикуваше состојбите во економијата потенцирајќи дека не се оствариле најавите на власта за економска офанзива и за економска година.

Презентирајќи ги одделно економските параметри наведе дека од почетокот на годината заклучно со вториот квартал странските инвестииции изнесуават 48,7 милиони евра, а во мај и јуни, како што нагласи, имаме дури и одлив, негативно салдо на странските дирени инвестиции.

Кај капиталните инвестиции, дополни, од предвидените 420 милиони евра за оваа година во првите седум месеци заклучно со 31 јули инвестирани се нецели 105 милиони евра или некаде околу четири пати помалку од тоа што беше предвидено на почетокот на годината.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека има намалување и на бројот на работниците во индустријата, оценувајќи дека во градежништвото има економско „цунами“ и „фијаско“ со намален обем на извршени градежни работи од домашните фирми во странство и на издадени одобренија за градење.

„Во периодот јануари-јули Управата за јавни приходи успеала да наплати 46,7 милијарди денари или тоа е за 8,57 проценти помалку од планираните 51,1 милијарди денари, за тој период од годината. Или наместо зголемувањето од 9,02 проценти, сега имаме зголемување од 0,02 проценти во однос на 2018 година“, рече, меѓу останатото, Мицкоски.

Заев кариера мицкоски повисоки плати придонеси
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Средба на Муцунски со Петрова во Софија

октомври 8, 2026

Петрова пред средбата со Муцунски: Коридорот 8 мора да се заврши, а не да остане збир од одделни проекти

октомври 8, 2026

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да го повика Филипче на информативен разговор за скандалот во МО во времето на Петровска

октомври 7, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.