Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мицотакис: Дадовме македонски јазик и македонски идентитет без да добиеме нешто за возврат
Македонија

Мицотакис: Дадовме македонски јазик и македонски идентитет без да добиеме нешто за возврат

септември 5, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Кое беше постојаното барање на скопската страна, поважно и од името? Македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Ние го дадовме тоа и го дадовме без во суштина да добиеме нешто за возврат и ова е длабоко загрижувачко, бидејќи се поврзува со скопскиот идредентизам, вели претседателот на Нова демократија Киријакос Мицотакис во интервју за грчката телевизија „Алфа“, а овој став го поткрепува со, како што вели, „одново објавениот“ доверлив документ од Викиликс.

Мицотакис, уште еднаш го повторува и неговиот став дека Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа.

„Сакам да ги прашам нашите сограѓани, не само во Македонија, како се чувствуваат кога ги слушаат господинот Заев и господинот Димитров да велат „Јас сум Македонец и говорам македонски јазик“ и никој да не одговара. Ние, нема да го ратификуваме договорот ниту сега, ниту во следниот парламент, доколку не се ратификува во сегашниот парламент – вели лидерот на Нова демократија.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис објаснува дека ратификацијата на договорот во грчкиот парламент ќе ги намали можностите за правење на какви било промени од нивна страна.

„Ќе ги искористиме сите карти што ни се на располагање за да ги смениме аспектите на договорот што се проблематични. Ова значи дека ако договорот се ратификува тогаш просторот за маневри е ограничен. Подготвен сум да им објаснам на граѓаните: Ако договорот од било која причина не се ратификува, тогаш не постои договор. Работите се многу едноставни, вели Мицотакис.

Во однос на европската и евро-атлантската интеграција на Макеоднија, лидерот на грчката опозициска партија вели дека „проблемот со НАТО е тоа што веќе е означен почетокот на процесот“, а оние кои се должни да одговорат „се оние кои го донесоа договорот“ и индиректно упатува критики до Панос Каменос.

„Ние направивме сė што беше во наши раце. Доставивме предлог за гласање недоверба и секако трагична е хипокризијата на владиниот партнер, кој од една страна вели дека нема да гласа и ќе ја бутне владата, а од друга страна седи удобно во фотелјата и едноставно добива време со добра надеж дека договорот на крај нема да помине на референдумот во Скопје – коментира лидерот на Нова демократија во интервјуто во централното издание на вестите на грчката телевизија „Алфа“.

 

 

МИА

„Алфа“ актуелно каменос македонија Мицотакис НАТО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.