Сашо Мијалков останува без пасош, откако Кривичниот суд го одбил неговото барање да му биде вратен пасошот, a во Судот ќе треба да се јавува еднаш месчно.
Киривчниот совет го добил барањето уште на 21 февруари и веднаш одлучил, односно го одбил барањето на Мијалков.
Патната исправа на поранешниот прв човек на УБК му беше одземен како обвинет во случајот „Таргет“ на СЈО, пред осум месеци.
Специјалното јавно обвинителство тогаш бараше притвор, но Кривичниот совет одлучи да му одреди мерка на претпазливост, односно му го одзеде пасошот, со што му се оневозможи излез од држават и му даде обврска еднаш неделно да се јавува во судот.







