Високата претставничка на Европската унија, Федерика Могерини, во дискусија на денешниот Совет на Унијата на шефовите на дипломатиите на ЕУ-земјите, на македонските политичари им порача да не си играат со оган во однос на меѓуетничка конфронтација.
Тоа, посочи, го изразила и на состаноците со претседателот и со другите политички лидери, но и јавно, не само во име на ЕУ, туку и во име на генералниот секретар на НАТО.
Рече дека била загрижена за состојбата во Скопје, но дека гледа потенцијал за решавање на кризата, како што е седница на парламентот и избор на спикер.
„Политичарите да не си играат со оган и меѓуетничка конфронтација, што ќе ја повлече земјата. Има инструменти за решение, како што е мудрост на претседателот, капацитетот на парламентот да продолжи со избор на спикер и деблокирање на состојбата за институционалната и политичка криза да се менаџира со инструментите што ги има Скопје, без мешање. Нормално, пријателите може да се грижат за состојбата и иднината на партнерите. Веруваме дека има можности да се излезе од институционалната криза. Има ресурси за тоа во Скопје, каде имав искрена и конструктивна размена за ова со сите политички лидери во парламентот и со претседателот. Се надевам дека мудроста ќе надвладее“, порача Федерика Могерини.







