Социјалните мрежи „паднаа“ откако фотограф на Њујорк Тајмс го сликаше Џо Бајден (80) кој не не носи чорапи со неговите патики „Скичерс“ (Skechers) пред да се качи во авионот и да се упати кон самитот на НАТО во Литванија.
Американскиот претседател бил облечен во кошула, сако и елегантни панталони додека се приближувал до авионот, но и покрај неговиот елегантен изглед, на нозе носел патики. Без чорапи. Тоа фотографот Даг Милс го истакна во објава на Твитер, на која веднаш се „закачија“ стотици коментатори.

Милс се соочи со одговори од други корисници на Твитер кои се, се чини, на страната на Бајден во врска со неговиот моден избор.
Многумина го оправдуваат дека патиките се направени од прозрачен материјал и дека се наменети да се носат без чорапи.
Други, пак, рекоа дека претседателот треба да добие забрана за појавување.

„Веројатно има невидливи или ниски чорапи. Ги носат сите што ги знам“, рече еден.
„Патиките (‘Slip-on Skechers’) се дизајнирани да се носат без чорапи. Ткаенината е лесна и дише, овозможувајќи им на стапалата да останат ладни и суви. Освен тоа, ѓонот им е дизајниран да пружи максимална удобност и удобност без потреба од чорапи“, објасни друг.
„Ни јас не носам чорапи со моите ‘Скечерси’“, напиша трет.
Еден ден претходно, Бајден беше фатен во исти патики додека се релаксира на плажа во Делавер со сопругата Џил и со 22-годишната внука Финеган.
Синот на Бајден, Хантер, за кој се очекува да се изјасни за виновен за даночни прекршоци, не беше со нив.
Бајден отпатува од САД на самитот на НАТО во Литванија со цел да искаже солидарност за Украина во војната против Русија, додека сè уште не го прифаќа Киев како членка на Алијансата.
Првата станица на Бајден е Лондон, каде денеска ќе се сретне со британскиот премиер Риши Сунак, а потоа ќе отпатува во замокот Виндзор за да го посети кралот Чарлс.
Американскиот претседател вечерва ќе отпатува за Вилнус, каде што утре и во среда ќе разговара со лидерите на НАТО.
Во интервју за Си-Ен-Ен, во кое го најави своето патување, Бајден повика на претпазливост во настојувањата Украина да се приклучи на НАТО, велејќи дека Алијансата може да биде вовлечена во војна со Русија.







