Фармацевтската куќа „Модерна“ соопшти дека развива нова вакцина притив ковид во една доза, која комбинира бустер доза со експериментална вакцина против грип.
„Веруваме дека пред нас е една голема прилика, ако би можеле на пазарот да пласираме високо ефикасна, општа антиреспираторна годишна вакцина“, изјави извршниот директор на компанијата, Стефан Бансел.
„Модерна“ веќе спроведува клинички тестирања против респираторни болести за возрасни.
„Во нивните лаборатории моментно се развиваат неколку вакцини против против вируси“, додаде Бансел.
(Фото: АП)