Фудбалскиот клуб Реал Мадрид соопшти дека играчот од тој клуб Лука Модриќ денес е успешно опериран.
„На Лука Модриќ успешно му е, артроскопски, оперирано левото колено и отстранет дел од р’скавицата. Од утре тој ќе го почне својот процес на рехабилитација“, соопшти Реал.
Мадридскиот клуб не наведува колку време капитенот на Хрватска ќе отсуствува од теренот, а шпанските медиуми посочуваат дека ќе паузира најмалку еден месец.
Модриќ ќе пропушти неколку натпревари во шпанската Примера, како и натпревари од квалификациите за Светското првенство против Косово и Финска.







