Одговорност во случајот со екскурзијата на неготински средношколци во Италија мора да има, наставниците и директорот на училиштето во ниту еден случај не смееле да ги остават учениците сами и да заминат без нив.
Потсетуваме дека станува збор за малолетни лица кои им биле доверени ним.
Државниот просветен инспекторат ќе изврши увид во гимназијата и ќе ги даде своите препораки.
„Ваквото нивно однесување спрема учениците е основ за поднесување на одговорност. Секако и на родителите им останува можноста за покренување постапка за одговорност на наставниците за нивната негрижа спрема учениците“, додаваат од МОН.







