Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Германците ги избраа најдобрите автомобили за 2026 година

ноември 20, 2026

3 хороскопски знаци со кои е најтешко да се биде во врска: Тие имаат страв од обврзување и ја обожаваат својата слобода

ноември 20, 2026

УХМР со ново метео предупредување, невреме со силен ветер и врнежи од дожд се очекува во текот на ноќта и утре претпладне

ноември 20, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Германците ги избраа најдобрите автомобили за 2026 година
  • 3 хороскопски знаци со кои е најтешко да се биде во врска: Тие имаат страв од обврзување и ја обожаваат својата слобода
  • УХМР со ново метео предупредување, невреме со силен ветер и врнежи од дожд се очекува во текот на ноќта и утре претпладне
  • Црна Гора затвори уште две поглавја во преговорите со ЕУ
  • Макрон бара преиспитување на влезот на Украина во НАТО, Мерц е подготвен за разговори со Путин
  • Роберт Патинсон е новиот Џејмс Бонд
  • Овие хороскопски знаци ќе ги решат финансиски проблеми
  • Инстант лоз „Фрути“ – овошен спектар со сладок вкус на добивки
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » МОН: Преку континуирано организирање обуки ги јакнеме професионалните компетенции на наставниците
Македонија

МОН: Преку континуирано организирање обуки ги јакнеме професионалните компетенции на наставниците

јули 18, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Еден од трите аспекти на образовниот систем во кои вложува Министерството за образование и наука, заедно со другите надлежни институции и со поддршка од меѓународните партнерски организации, покрај инфраструктурата и наставните програми и учебници, е наставниот кадар. Во таа насока, интензивно се работи на подигнување на мотивацијата на наставниците преку обезбедување на повисоки плати, подобри услови за работа и континуирана обука и можност за професионален развој.

Согласно Законот за наставници и стручни соработници во училиштата, секој наставник треба во период од три години да помине обуки во траење од 60 часа, од кои 40 часа се обуки од акредитирани програми.

За учебната 2022-2023 година, Бирото за развој на образованието со поддршка од МОН и Светска банка, акредитираше 18 програми за обука на наставници и 4 програми за обука на стручни соработници. Каталогот со акредитираните програми беше јавно објавен на веб страниците на МОН и БРО и од него наставниците можеа да изберат обука согласно нивниот план за професионален развој.

Обуките се спроведуваат во две фази. Првата се реализираше во периодот од октомври до декември 2022 година, при што на околу 600 обуки присуствуваа над 14 илјади наставници и 800 стручни соработници. Додека втората фаза започна да се реализира во месец јуни и ќе трае до крајот на август, при што планирано е да учествуваат 17.200 наставници и 1.100 стручни соработници.

Повеќе провајдери ги спроведуваат обуките, при што секој акредитиран понудувач на услуги обезбедува стручна поддршка на наставниците и во наредниот период. Така, секој наставник за сите неразјеснети прашања, предизвици во наставата при имплементација на стекнатите знаења од обуката, може да се обрати до обучувачите, да поставува прашања и да разменува искуства со колегите преку платформи што ги обезбедуваат обучувачите.

Континуираното организирање на обуки ќе продолжи и во иднина, затоа што тоа е единствениот начин да се зајакнуваат професионалните компетенции на наставниците како клучна алка во воспитно – образовниот процес од која најмногу зависи квалитетот на генерациите кои се создаваат.

актуелно МОН обуки
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Германците ги избраа најдобрите автомобили за 2026 година

ноември 20, 2026

3 хороскопски знаци со кои е најтешко да се биде во врска: Тие имаат страв од обврзување и ја обожаваат својата слобода

ноември 20, 2026

УХМР со ново метео предупредување, невреме со силен ветер и врнежи од дожд се очекува во текот на ноќта и утре претпладне

ноември 20, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.