Руската полиција притвори најмалку 600 учесници на денешните демонстрации во центарот на Москва, каде што илјадници луѓе се собраа да протестираат против корупцијата, наведува Ројтерс повикувајќи се на своите репортери од местото на настанот.
Додека полицијата ги одведувала уапсените, стотици други извикувале „Путин е лопов“ и „Срамота“.
Агенцијата, повикувајќи се исто така на очевидци, наведува дека на демонстрациите во престолнината е употребен биберспреј и дека сеуште не е јасно кој го пуштил тој гас.
Во Санкт Петербург, втор по големина град во Русија, притворени се најмалку 300 демонстранти на протестот против корупцијата за кој повика рускиот опозициски лидер Алексеј Наваљни.











