Парите не купуваат среќа, но ни помагаат да си дозволиме различни задоволства, е едно од нив е и поседување на најдобрите и најлуксузните автомобили.
Следниве модели, сепак, се резервирани само за оние со најдлабок џеб.
Нив ги купуваат милијардери или милионери кои навистина многу ги сакаат автомобилите и не се стегаат да издвојат голема сума за ова задоволство.
Ви ги презентираме петте досега најскапи нови автомобили…
- „Koenigsegg CCXR Trevita“
Цена: 4,3 милиони евра

Со ограничено производство од само три примероци, „Koenigsegg CCXR Trevita“ е еден од најексклузивните автомобили создадени од шведската компанија.
Има моќен 4,8 литарски В-8 мотор со компресор кој развива 1018 КС, а до „стотка“ може да забрза за 2,8 секунди и да продолжи да забрзува се до максимална брзина од 395 км/ч, пишува Јутарњи лист.
- „Pagani Huayra Imola“
Цена: 4,9 милиони евра

„Pagani Huayra Imola“ е специјално издание од кое се произведени само пет примероци после лансирањето во 2019 година.
Има 6,0-литарски В-12 битурбо мотор, кој го разви „Мерцедес-АМГ“, со 838 КС и 1100 Нм вртежен момент и вкупна тежина од 1.246 килограми.
Од нула до 100 км/ч забрзува за помалку од 3 секунди, а максималната брзина му е преку 330 км/ч.
- „Rolls-Royce Sweeptail“
Цена: 11,6 милиони евра

„Rolls-Royce Sweptail“ е уште еден пример до каде оди ексклузивноста на британската компанија.
Претставен во 2017 година, тоа е елегантно купе кое е направено по нарачка, а во понудата е само еден примерок.
Не се издвојува по своите перформанси, благодарение на 6,75-литарскиот В-12 со околу 460 КС мотор, но се истакнува по ексклузивноста и вештината на изработката што го зрачи неговиот дизајн.
- „Bugatti La Voiture Noire“
Цена: 17 милиони евра

Вториот најскап автомобил на сите времиња е „Bugatti La Voiture Noire“, модерна реинтерпретација на класичниот „Type 57 SC Atlantic“.
Создаден за да ја прослави 110-годишната историја на „Bugatti“, овој уникатен автомобил во светот е опремен со добро познатиот 8.0-литарски Ве-16 мотор и четири турбини со 1500 КС и 1600 Нм вртежен момент.
- „Rolls-Royce Boat Tail“
Цена: 23 милиони евра

На крајот, оваа листа ја завршуваме со најскапиот автомобил на сите времиња, „Rolls-Royce Boat Tail“, луксузен уникатен кабриолет направен по нарачка.
За негова изработка биле потребни четири години работа, а инспириран е од едрењето.
Опремен е со В-12 мотор од 6,75 литри со 600 КС.







