Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мундијалот на две години?
Фудбал

Мундијалот на две години?

јануари 3, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, изјави дека Светското првенство на секои две години може да функционира од спортски аспект, а дека економските придобивки ќе бидат позитивни за сите.

„Мундијалот на секои две години не е мое барање, туку Конгресот побара физибилити студија, за неговата оправданост. Направивме многу сериозно истражување, од спортски аспект се функционира, а економските сите ќе бидат задоволни“, истакна Инфантино во интервју за италијанското државно радио, пренесе денес Хина.

Инфантино додаде дека најголем дел од критиките на сметка на овој формат на Светското првенство доаѓаат од Европа и посочи дека 166 земји-членки на ФИФА побарале истражување за оправданоста.

„Фактите мора да бидат јасни, 88 отсто од земјите, дури и повеќето европски, побараа студија. Направивме многу сериозна студија која покажува дека од спортски аспект се би функционирало како што треба, би имало помалку репрезентативни натпревари, но повеќе значајни“, рече Инфантино.

Тој оцени дека многу земји во светот немаат среќа да играат на Мундијалот. Само 32 земји од 211 имаат прилика да стасаат до завршната фаза.

„Кога пред 100 години беше одлучено Светското првенство да се игра на секои четири години, фудбал играа 40 земји во светот, денес ги има повеќе од 200, и тоа мора да се земе предвид“, додаде тој.

Претседателот на ФИФА вели дека Мундијалот на секои две години ќе ги заштити домашните првенства, но и играчите.

„Пред се, тоа е заштита на националните првенства со помалку прекини и застанувања, а исто така и за играчите, бидејќи по Светското првенство би следела пауза од најмалку три недели за одмор, нешто што денес не постои“, рече тој.

Инфантино оцени дека во Катар е направен голем напредок во однос на безбедноста на работниците кои работат на објектите за претстојното Светско фудбалско првенство.

„Во Катар без Светско првенство не би имало општествен напредок. Постигнат е огромен хуманитарен напредок. Ќе го доведеме светот во Катар, за да покажеме дека на Блискиот Исток правиме промени за кои во Европа беа потребни децении“, истакна тој.

Тој рече дека новитетите во врска со правилата не смеат да доведат до уништување на фудбалот.

„Судијата секогаш мора да одлучува, човечкиот аспект мора да биде главен. Мораме да влијаеме на децата, да го остават телефонот на страна и да играат фудбал“, заклучи Инфантино.

Светското првенство во Катар, на кое за последен пат ќе учествуваат 32 репрезентации, ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември годинава.

Европа Катар Мундијал Првенство ФИФА фудбал
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Кос од Софија: Еден ден целиот Западен Балкан ќе биде дел од Европа

октомври 8, 2026

Македонските фудбалери до 21 година одиграа нерешено со Црна Гора

октомври 2, 2026

НАТО ќе организира голема вежба во Европа

септември 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.