Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, изјави дека Пол Погба е моментно најдобар фудбалер за врска на светот.
„Погба е сјаен, а и многу млад, така што може уште многу да напредува. Меѓутоа, не знам дали еден ден ќе добие „Златна топка“, затоа што таа награда секогаш ја даваат на голгетери“, вели Мурињо.








